Белоруската опозиција не ја признава победата на Лукашенко, тој обвини три европски земји за организирање на протестите

Белоруската опозициска политичарка Светлана Тихановскаја во понеделникот изјави дека одбива да ја признае официјалните резултати од претседателските избори според кои повеќе од дводеценискиот претедател Александр Лукашенко однел нова убедлива победа, а тој го обвини Полска, Велика Британија и Чешка за оркестирање на синоќешните безредија во земјата.

Државната изборна комисија објави дека според прелминираните резултати, Лукашенко освоил 80,23 отсто, додека главната противкандидатка 9,9 отсто од гласовите. Тихановскаја за новинарите во Минск изјави дека себеси се смета за победни на изборите.

Изборите, како што тврди, се наместени и опозицијата бара повторно пребројување на гласовите на избирачките места на кои се забележани неправилности. Опозицијата, исто така, бара дијалог со владејачката елита за мирољубиво предавање на власта, изјави Тихановскаја.

Наводни истражувања кои неофицијално се објавуваат во западните медиуми тврдат дека Тихановскаја добила 71 отсто од гласовите, додека Лукашенко добил само 10 отсто. Меѓутоа, релеватните медиуми на западот истакнуваат дека „засега не можат независно да проверат податоци од ниедна страна“.

Изборите во неделата не ги следеше Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), којашто се оправда дека наводно поканата не ја добила правовремено.

 

Лукашенко порача дека нема да дозволки „мајдани“ и поделба на земјата

Белорускиот претедател подоцна во понеделникот изјави дека синоќешните протести одбележани со судири на полицијата и една жртва, биле оркестрирани во Минск и другите градови со телефонски повици од Полска, Велика Британија и Чешка.

„Позивите се упатувани од Полска, Чешка и Велика Британија, за да се контрилираат, да простите, овцрите кои не разбираат што прават а лесно може да се контролираат“, изјавил Лукашенко.

Синоќа откако поголемиот број од избирачките места беа затворен во белоруската прсестолнан Минск, група од 300 демонстранти се судри со полицијата протестирајќи поради целата атмосфера која ги следеше овие избори. Меѓутоа, ваквите сцени станаа речиси вообичаени по секои избори во Белорусија, а ова е веќе шести мандат за Лукашенко.

Претходно за инцидентот со апсењето на 30-ина припадници на приватната руска безбедносна агенција „Вагнер“ во Белорусија под сомневање дека требало да учествуваат во уривање на Лукашенко преку организирање насилни протести, Минск објави дека станува збор за провокација на специјалните служби на Украина. Според сознанијата, од Киев се испратени лажни пораки до ангажираните лица, за кои сметаат дека некои се учесници во конфликтот во југоисточна Украина, а во меѓувреме во Минск им резервирале авионски билети кон Блискиот исток од каде наводно требало да патуваат како ангажирано обезбедување за руска компанија. Но кога пристигнале во Белорусија, резервациите биле откажани, па групата останала без образложение за престојот во хотел во околината на Минск. Биле пријавени бидејќи не излгедале како типични руски туристи. Подоцна Москва и Минск објавија дека Украина се разоткрила, откако точно по име побарале екстрадиција на десет лица од групата.

 

Полска бара специјален самит на ЕУ за Белорусија

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки ги повика во понеделникот челниците на Европската комисија и на Европскиот совет да одржат специјален самит посветен на Белорусија, по аналогија на активностите во ЕУ во превратот во Украина во 2014 година. Праќа дека Брисел „мора да го поддржи белорускиот народ во својата потрага по слободата“.

Полското министерство за надворешни работи го осуди насилството и ги повика белоруските власти да ја „запрат ескалацијата на состојбата и да започната да ги почитуваат основните човекови права“.

„Имајќи го предвид развојот на настаните во Белоруија, полското министерство за надворешни работи изразува длабока загриженоста за бриталното задушување на постизборниот протест. Таква остра реакција, користењето сила против мирните демонстранти и произволните апсења, се неприфатливи“, се наведува во соопштението на Варшава.

Како што јави руската новинска агенција РИА, полицијата привела околу 3.000 лица, а во текот на изборниот ден беа приведени и неколку руски репортерски екипи.

Германското министерство за надворешни работи во понеделникто објави дека „постојат бројни показатели за измама“ на белоруските претседателски избори. Портпоролот на министерството изјави дека „не биле почитувани ниту минималните стандарди во гласањето“ и дека Европската унија „сега разгледува како ќе реагира“.

 

На Лукашенко му честитаа Путин и Кси

Рускиот претседател Владимир Путин, по објавувањето на официјалните резултати во Минск му испратил телеграма со честитка на изборната победа.

„Сметам дека вашето делување на чело на државата ќе овозможи натамошен развој на билатералните руско-белоруски односи во полза на двете земји“, напишал Путин во честитката.

На 65-годишниот Лукашенко, кој четврт век е на власт во поранешната советска република во источна Европа преку којашто Западот би имал „бришан простор“ кон Москва, добил честитка и од кинескиот претседател Кси Џинпинг.