Белоруските опозициски лидери ќе минат 10 дена во затвор

Белорускиот суд им одреди на неколку опозициски лидери во Советот за координација на опозицијата по десет дена затвор, а отворена е истрага и потрага по неколкумина кои се на слобода, по повиците за помасовни протести против претседателот Александр Лукашенко.

Отако по првата седмица од протестите по претседателските избори од 9-ти август кои беа одбележани со судири меѓу демонстрантите и полицијата, во кои имаше и жртви и стотици повредени на двете страни а беа ослободени речиси сите 6.700 притворени, акциите против власта на Лукашенко се смирија иако не губеа на масовноста а истовремено и немаше апсења, во понеделникот по повикот за нови помасовни протести и штрајкови, следеа и приведувања на неколку опозициски лидери.

Лукашенко, кој е на власт 26 години, негира дека со измама го освоил следниот мандат со освоени 80 отсто од гласовите, упорен е во тврдењето дека протестите со кои се бара негово повлекување од власта се финансирани и координирани од странство.

Сергеј Дилевски, кој ги предводеше протестите во еден од најпознатите белоруски индустриски компелски фабриката за трактори ТМЗ во Минск, се појави во вторникот на судот, ден откако беше приведен. Судот му одреди десет дена власт поради непочитување на власта и државата. Потоа и високорангираната членка на опозицскиот совет Олга Ковалкова беше осудена со истите образложенија, исто така, на десет дена затвор.

Белорускиот Врховен суд во вторникот ги одбир приговорот на претседателската кандидатка Светлана Тихановска, која по изборите замина во добровелен егзил во Вилнус а која на претседателските избори освои 10 отсто од гласовите, која бара поништување на резултатите од гласањето на 9-ти август.

Истовремени обвинителството отвори кривично дело за Советот за координација на опозицијата поради обид за преземење на власта.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.