Бендот Linkin Park објави видео на денот на самоубиството на пејачот Бенингтон

Новото видео на групата Linkin Park за песната „ Talking To Myself“ се појави на официјалниот канал на бендот на YouTube на денот кога нивниот фронтмен Честер Бенинготн изврши самоубиство, и досега го погледале околу половина милион корисници

Претходно во четвртокот, американскиот портал TMZ, специјализиран за светот на шоу бизнисот, објави дека 41-годишниот водач на групата Linkin Park бил пронајден мртов во својот дом на југот од американската сојузна држава Калифорнија, и оти според потврдата на судската медицина се самоубил. Според порталот, Бенингтон се обесил во својата куќа во Палос Верес, близу Вашингтон.

Сајтот TMZ истакнува дека Бенингот си го одзел животот на денот на смртта на својот пријател, лидерот на бендот Soundgarden, Крис Корнел, кој исто така изврши самоубиство на 18 мај годинава во хотел во Детроит.

Бенингтон беше познат по алкохолизам и земање дроги. За својата борба со зависностите отворено зборуваше уште кога Linkin Park во 2000 година постигнаа голем успех со албумот „Hybrid Theory“. Меѓутоа, во едно интервју од 2011 година тврдеше дека веќе шест години е „чист“.

Последниот студиски албум „ One More Light“ беше објавен во мај годинава, по што Linkin Park тргнаа на светска турнеја. Смртта на Бенингтон се случи една седмица пред американскиот дел од турнејата којашто требаше да започна на 27 јули во Мејнсфилд, во сојузната држава Масачусетс.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.