Бенет: Секој кој планира да го нападне Израел дење, нема да ја преживее ноќта

Израелскиот министер за одбрана Нафтали Бенет само еден ден откако ја презеде функцијата предупреди дека „секој терорист кој планира да го нападна Израел, нема да ја преживее ноќта“.

Бенет ја презеде функцијата вчера само неколку часа откако Израел изврши атентат врз палестинскиот исламистички лидер Баха Абу ал Ата.

– Ал Ата дејствуваше против граѓаните на Израел и беше елиминиран. Тоа го направивме вчера и нема да се двоумиме истото да го повториме и во иднина, посочи Бенет.

Тој додаде дека убиството на Ал Ата во Појасот Газа би требало да испрати „јасна порака до сите непријатели“.Кој и да планира да не повреди во текот на деното, не може да биде сигурен дека ќе успее во текот на ноќта“.

Најновото насилство меѓу Израел и екстремистите од Појасот Газа почнаа вчераутро кога при напад на израелските авиони загина Ал Ата. Неговото убиство предизвика жесток одговор и за само неколку часа беа истрелани 50 ракети врз јужниот и централен дел на Израел.

Ракетирањето беше продолжено во текот на целиот ден и врз Израел беа истрелани вкупно 190 ракети.

При израелските напади загинаа вкупно девет Палестници.