Беневенто првото реми во Серија А го оствари против шампиониот Јуве, Аталанта изненадена дома

Во последниот натпревар во саботата во рамките на деветтото коло од италијанското фудбалско првенство, Верона изнанадувачки со 2:0 го совлада тимот на домашната Аталанта, додека актуелниот шампион Јувентис одново се избламира, овојпат на гостувањето кај дебитантот Беневенто.

Фаворизираната Аталанта имаше контрола над играта, и дури трипати повеќе шутеви на противничкито гол (20-7), но не успеа да реализира од неколкуте стопроцентни шанси. Казната за тоа за нејзините фудбалери следеше во 62 минута кога Мигуел Велосо релизираше панал кој го направи Тоиљо, а во 83 минута победата на Верона ја потврди Матија Закањи.

Со оваа победа Верона ја мина на табелата Аталанта, и сега е шеста со 15 бодови, додека тимот од Бергамо моментално е осми со 14 бодови, колку што има и седмиот Наполи.

Претходно во саботата Јувентус киксираше кај Беневенто одигрувајќи само 1:1. Сосема разбирливо, имајќи го предвид згуснатиот распоред сезонава и тоа што домаќинот е едн од послабите тимови во Серија А, тренерот на торинската „Стара дама“ Андреа Пирло реши да го одмора својот најдобар играч Кристијано Роналдо, кој е и еден од највозрасните и пред еден месец се справи со коронавирусот. Остатокот од тимот кој секогаш претендира на сите титули во натпреварувањата во кои настапува мораше лесно да се справи со слабиот противник. Но играчите на Јуве играа без идеја, сосема стихијно, што Беневенто го искористи покажувајќи дека имале некаков концепт за големиот противник.

Играчите на Јуве настојуваа на рутина и помалку на сила да стасаат до водство, и така навистина дојдоа во погодок во 21 минтуа кога по асистенција на Киеза погоди Алваро Мората. Меѓутоа, гостите не ги сфатија сериозно неколкуте закани од домашниот тим, па тоа им се одмазди коа во третата минута од судиското продолжение на првото полувреме израмни Гаетано Летиција. Исфрустраниот Мората откако со соиграчите не успеаја цело второ полувреме да постигнат барем еден погодок, поради приговор доби црвен картон по завршувањето на натпреварот. Мората имено ја имаше единствената стопроцентна шанска на мечот, но вовториот дел од само пет метри со глава не успеа да ја погоди домашната мрежа.

Јувентус сега е петти со 17 бодови, колку што има и Рома на четвртото место но со меч помалку, додека три бода повеќе и мл помалку има водечкиот Милан, додека под повеќе имаат второпласираниот Интер и третиот Сасуоло. Беневенто, кое досега немаше нерешен меч, а имаше три победи и пет порази, сега е 12-то со 10 бодови.

Изненадувањето на досегашниот дел од првенството Сасуаоло не успеа да продолжи со успесите, и во директниот судир за втората поизиција на табелата дома беше убедливо совладан од Интер. „Нераѕурите“ изведоа своевиден „блиц-криг“ и со головите на Алексис Санчез во 4 и автоголот на Влад Кирикеш во 14 минута брзо и лесно дојдоа до сигурно водство, а победата ја потврди Роберто Гаљиардини во 60 минута.