Бенфика доби одлично засилување – Митревски потпиша со Португалците

102

Македонскиот репрезентативец и доскорашен голман на Металург и официјално е нов чувар на мрежата на Бенфика.

Поргугалскиот тим денеска се пофали со новото засилување на својата интернет-страница.

“Знам дека Бенфика е еден од најголемите клубови во Португалија и дека има голема традиција. Тие сакаат да напредуваат и да го освојат првенството во Португалија, а тоа е исто така и моја амбиција. Затоа ја одбрав Бенфика. Овде навивачите имаат ист менталитет како и во Македонија. Знам дека има многу добри играчи, затоа ќе ми биде задоволство да бидам дел од овој тим. Можам да ветам дека ќе се борам на секој натпревар и ќе се трудам да им донесам радост на навивачите”, вели Митревски за клупскиот сајт.

Митревски е седмиот репрезентативец од Металург, кој го напушта клубот и заминува во странство по Манасков, Георгиевски, Јоновски, Миркуловски, Мојсовски и Вугринец.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.