Бени Шакири: Знам за кого нема да гласам, а тоа е Шилегов

104

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Бени Шакири нема коментар за вчерашната изјава на премиерот Заев во која го нарече негов другар и оти е убеден дека нема да гласа за ВМРО-ДПМНЕ.

Шакири во изјава за „Република“ вели дека нема коментар на зборовите на Заев и оти знае сигурно дека нема да гласа за Шилегов.

-Немам коментар за изјавата на Заев и на тоа што го рекол и што мисли со тоа. Јас точно знам што реков по изборите и останувам на ставот дека знам за кого нема да гласам, а тоа е Шилегов. Јас сум возрасен човек со изграден став врз основа на неговото четиригодишно работење и како би го сменил за еден ден-вели Шакири за „Република“.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.