Бенитез потврди дека Пандев ќе добие нова конкуренција

Предводникот на италијанскиот калчолигаш Наполи, Рафа Бенитез потврди дека до крајот на зимскиот преоден рок, на “Сан Паоло” ќе пристигнат уште неколку квалитетни засилувања.

“Во текот на вчерашниот ден имав телефонски разговор со нашиот претседател, Аурелио де Лаурентис. Бев инфоримар дека Наполи ќе ангажира уште неколку квалитетни засилувања до крајот на зимскиот преоден рок. Добив гаранција од нашиот претседател. Нема место за паника, ова е одлична вест и за нашите најверни фанови. За мене најважна е информацијата дека спортските медиуми се уште не знаат за кои фудбалери станува збор. Можам да потврдам дека не се тие за кои се пишува”, изјави трофејниот шпански стручњак.