Бенитез сака подобри фудбалери од Пандев, Хамшик и Игуаин

Предводникот на италијанскиот калчолигаш Наполи, Рафа Бенитез, откри дека „азурите” се во потрага по нови фудбалери, но само доколку истите се подобри од тие кои веќе ги има на располагање.

„Прво што му кажав на нашиот клупски претседател е дека сум многу задоволен од мојот тим и од фудбалерите кои ги имам на располагање. Потоа кажав дека има место за напредок. Мора убаво да го анализираме пазарот на фудбалери, да ја анализираме нашата финансиска моќ и да видиме дали ќе профитираме од новото засилување. Сепак, секое ново засилување, мора да биде подобро од тоа што веќе го имам на располагање, сакам фудбалер подобар од тој што веќе го имам”, изјави трофејниот шпански стручњак.