Бензема го впиша четвртиот „хет-трик“, Меси и Роналдо на врвот во ЛШ

Во првиот дуел од четвртфиналето на фудбалската Лига на шамионите во средата вечерта, Реал Мадрид на гостувањето го победи Челзи 3:1, а сите три гола ги постигна Карим Бензема,

Ова беше четвртиот „хет-трик“ на Французинот во Лигата на шампионите, а на врвот се Аргенинецот Лионел Меси и Португалецот Кристијано Роналдо со по осум натпревари во коишто постигнале по најмалку три погодока. Меси сите осум за Барселона, а Роналдо седум за Реал и еден за Јувентус.

Вкупно 93 играчи во натпреварите на елитното континентално натпреварување впишале по најмалки еден „хет-трик“.

Во една сезона најмногу имал Кристијано Роналдо, три и тоа во сезоната 2015/16, додека Карим Бензема, Роберт Левандовски, Лионел Меси и и Лузи Адријано во една сезона имале по два.

Најбрзиот „хет-трик“ го впиша напаѓачот на Лион, Бефатемби Гомес, кому му беа доволно само осум минути во декември 2011 година трипати да ја затресе мрежата на загрепски Динамо. Во тој натпревар, инаку, францускиот претставник славеше со 7:1.

Најмлад играч кој на еден меч постигнал три гола е Раул Гонзалес, кој имаше 18 години и 114 дена која постигна „хет-трик“ во победата од 6:1 на Реал Мадрид против унгарски Ференцварош во октомври 1995 година.

Најстариот играч со „хет-трик“, пак, изминатата вечер стана Карим Бензема кој трите гола на Челзи му ги даде со 34 години и 108 дена.

НАЈМНОГУ ХЕТ-ТРИКА ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИ
8 – Лионел Меси (Барселона), Кристијано Роналдо (Реал Мадрид 7, Јувентус 1)
5 – Роберт Левандовски (Борусија Дортмунд 1, Баерн Минхен 4),
4 – Карим Бензема (Реал Мадрид)
3 – Филипо Инзаги (Јувентус 2, Милан 1)
3 – Марио Гомез (Баерн Минхен)
3 – Луиз Адријано (Шахтјор Донецк)
3 – Нејмар (Барселона 1, Пари Сен Жермен 2) …

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.