Бензема: Мурињо прави непотребен притисок

Напаѓачот на новиот европски клупски шампион, тимот на Реал (М), Карим Бензема, откри дека во соблекувалната на “кралскиот клуб” имало многу поголем притисок кога во тренерското столче седел трофејниот португалски стручњак, Жозе Мурињо.

“Анчелоти е многу посмирен, порелаксиран во споредба со Жозе Мурињо. Не врши некој непотребен притисок врз фудбалерите на Реал (М). Постои голема разлика помеѓу Мурињо и Анчелоти, двајцата имаат различен метод на работа. Често пати си поставував едно исто прашање, “Зошто Мурињо ги употреби тие зборови за мене?”. Сепак, се е релативно. Во тоа време, во соблекувалната немаше место за некоја шега. Сега моите соиграчи ме викаат мачка. Јас не сум ниту мачка, ниту куче, но немоќен сум во таа ситуација. Имав и неколку тешки денови на “Сантијаго Бернабеу”. Луѓето не ја знаат раликата помеѓу добар натпревар и многу добар натпревар. Ако одиграм нормално, тогаш некој ќе каже дека сум бил очаен”, изјави францускиот интернационалец.

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.