Бензема разочаран од заминувањето на Зидан од Реал

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, зборуваше за заминувањето на Зинедин Зидан од функцијата главен тренер на Реал.

„Зизу секогаш ме поддржуваше и ми помагаше да го достигнам сегашното ниво. Ќе размислувам за него секој ден. Секако, разочаран сум што го напушта Реал Мадрид. Тој е одличен тренер и има освоено многу трофеи. Како личност, тој е исто така одличен. Но, се случи тоа што се случи. Животот продолжува“, изјави Бензема.

Зидан пред неколку дена одлучи да го напушти Реал. Со него на тренерската позиција клубот мината сезона остана без трофеј