Бензема сака со Франција да го освои Светското првенство

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема изјави дека сака да го освои Светското првенство.

– Сè уште имам многу размислувања. Сакам да соберам што е можно повеќе титули, да освојам уште една Лига на шампиони или уште повеќе. И, секако, сакам да го освојам Светското првенство со репрезентацијата, тоа би било остварување на мојот сон. Ќе направиме сè за да победиме на Мундијалот во Катар, изјави Бензема.

На Светското првенство во 2022 година, Франција ќе игра во групата Д со Тунис, Данска и победникот од плеј-офот меѓу Перу и поуспешниот од натпреварот ОАЕ-Австралија.

Светското првенство во 2022 година ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември 2022 година.