Бензинците и дизелашите одат во историја ?

Европските пратеници изгласаа забрана на продажба на нови дизел и бензински автомобили и комбиња во Европската унија од 2035 година, што е значаен чекор кон постигнување на амбициозните зелени цели на регионот.

Во средата, 339 членови на Европскиот парламент гласаа за плановите предложени од Европската комисија, извршната власт на ЕУ. Против предлогот имаше 249 гласа, а воздржани беа 24 пратеници.

Ова ја прави Европската унија чекор поблиску до својата цел за намалување на емисиите од новите патнички и лесни комерцијални возила за 100% до 2035 година, во споредба со 2021 година.

Европската комисија претходно соопшти дека патничките автомобили и комбињата сочинуваат приближно 12% и 2,5% од вкупните емисии на CO2 во ЕУ, соодветно.