Бензините и дизелот поевтинуваат половина денар

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,54 % во однос на Одлуката од 9.8.2021 година, информираат од РКЕ.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 0,50 денар/литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 09.08.2021 година.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,195 денар/килограм и сега ќе изнесува 36,681 ден/кг.

Од 17.8.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 71,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 73,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 62,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 62,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 36,681 (денари/килограм)