
Од полноќ се намалува цената на бензините од денар до денар и пол, а цената на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство останува непроменета.
Според денешната одлука на Регулаторната комисија за енрегетика, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по пониска цена за 1,50 денари, а ЕУРОСУПЕР БС – 95 за еден денар. Така, новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 68,50 ден/литар, а на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 66,50 ден/литар.
Се намалува и цената на мазутот за 0,740 ден/кг во однос на претходно утврдената цена, односно отсега мазутот ќе се продава по цена од 32,954 ден/кг.
Новите пониски цени на бензините се должат на намалувањето на цената на бензините на светскиот пазар во изминатиот седумдневен период.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.