Бензините поевтинуваат на полноќ

Бензините поевтинуваат за 1,5 до 2,5 денари од ноќеска на полноќ.

Така, новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 се намалува за 2 ден/литар и ќе изнесува 81 ден/литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,50 денари и ќе се продава по цена од 83 ден/литар.

ЕУРОДИЗЕЛОТ и Екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за 2,50 ден/литар и согласно новата одлука на РКЕ цената на ЕУРОДИЗЕЛОТ ќе изнесува 67,50 ден/литар, додека на Екстра лесното масло 56,00 ден/литар.

Малопродажната цена на мазутот се намалува за 1,84 ден/кг и тој ќе се продава по 40,348 ден/кг.