Бензините поскапи за 1,50 денари, дизелот за 1 денар

50

Се зголемуваат цените на горивата во земјава. Како што одлучи на денешната седница Регулаторната комисија за енергетика, од полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 денари за еден литар, во однос на цените утврдени со Одлуката од 08.07.2019 година. Со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 70,50 денари за литар, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 72,50 денари за литар.

Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), исто така се зголемуваат за 1,00 денар за литар, во однос на цените утврдени со Одлуката од 08.07.2019 година. Така, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 62,00 денари за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе биде 51,50 денари за литар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.