Бензините поскапи, дизелот останува со иста цена

Предновогодишна честитка од Регулаторната комисија за енергетика за сите оние кои имаат автмобили со бензин мотор – бензините поскапуваат за половина денар. Оние кои се сопственици на дизел автомобили може да бидат спокојни бидејќи дизел горивото останува со истата цена.

Регулаторите денеска одлучија Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 поскапуваат за половина денар односно новата цена за литар ќе биде 78,50 односно 80 денари.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за половина денари, додека мазутот поевтинува за 0,525 денари за килограм и новата цена изнесува 40,208 денари.