Бербок: Русија го користи житото како оружје во војната во Украина

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бурбок синоќа ја обвини Русија дека го блокира извозот на жито од Украина и го користи како оружје во војната, јави ДПА.

„Русија ја води оваа војна со Украина со уште едно страшно и моќно оружје: глад и немаштија. Со блокирање на украинските пристаништа, уништување силоси, патишта и железници, Русија започна војна со жито, предизвикувајќи глобална криза со храна“, нагласи таа на министерската средба во ОН во Њујорк.

Според Бербок, тоа се случува „кога на милиони веќе им се заканува глад, особено на Блискиот Исток и Африка“ поради ефектите од климатските промени, пандемијата на Ковид и вооружените конфликти во нивните региони.

Според германската Влада, руската армија го блокирала извозот на 20 милиони тони жито, главно наменето за земјите во Северна Африка и Азија. Најголем дел од житото е во пристаништето Одеса.

Украина е меѓу водечките светски производители на жито.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.