Бердих во аут, Дел Потро се повлече од Индијан Велс

Чешкиот тенисер Томаш Бердих е елиминиран во вторто коло од мастер турнирот Индијан Велс  кој е поразен од Роберто Баутиста Агут со 6:4, 2:6, 4:6. Со овој пораз Чехот ја продолжи црната серија од минатата година. Тој е еден од  осумте најдобри тенисери на АТП-листата кој лани не освои ниту еден единствен трофеј.

Настапот на турнирот го заврши и Аргентинецот Хуан Мартин дел Потро. Тој  без борба го предаде својот меч со Фелицијано Лопез, како причина наведувајќи ја повредата што ја заработи на турнирот во Дубаи.

„Болката од ден на ден не се намалува. Се надевав дека состојбата ќе ми се подобри, но откако тоа не се случи јасно е дека нема да можам да го дадам максимумот и затоа решив да се повлечам“, истакна Дел Потро.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.