Берете памет, да не има нова Црвена Револуција на есен

Професорот Димитар Апасиев на својот Фејсбук профил го искажа својот  став за изјавата на премиерот Зоран Заев дека доколку граѓаните го бојкотираат референдумот, институциите ќе ги донесат одлуките.

Почитувани властодршци, нивни дворјани и штапски загари…
Не заборавајте дека ПРОТИВПРАВНАТА аболиција на Иванов го дигна народот на нозе и го собори Стариот режим. Нашите другари уште се влечат по судови заради тоа.
Не постои поголем грев на оној кој е на власт од тоа да не поштуе Устав и закон. Аутоматски добива третман на ТИРАНИН и УЗУРПАТОР.

Така да, коа се подјебавате со тоа дека „ако граѓаните бојкотираат, институциите ќе одлучат“ – ни случајно, ама ни случајно немојте да заборавите дека ништо не го дига народниот револт повеќе од КУРЧЕЊЕ коа си на власт и играње дрндупки со процедурите и Правото.

Знам дека сте упрпани од неизбежното фијаско и вашата предвремена политичка пензија – али, берете памет, да не има нова #ЦрвенаРеволуција на есен.