Бериша тврди дека зад сајбер-нападите освен ирански вмешани се и домашни како и српски и руски хакери

Лидерот на побројното крило на албанската опозициска Демократска партија, Сали Бериша, на на редовна седмична средба со новинарите во петокот обвини дека зад кибер- нападите врз владините дигитални системи освен ирански стојат и домашни-владини, како и руски и српски хакери.

„Сакам да ги информирам Албанците дека во операцијата за уништување на дигиталната инфраструктура во Албанија, откриени се траги не само на иранските хакери, туку и на руски и српски хакери. Додека пак внатрешни-владини лица ‘интервенирале’” во TIMS системот за да се сокрие поврзаноста на Еди Рама и неговите министри со криминалот“, изјави Бериша, додавајќи дека тоа го заснова на три сигурни извора

Убеден е дека Косово било нападнато од системите на Албанија.

„Црна Гора и Македонија беа нападнати од хакери но немам информации дали тоа е направено од албанските системи, а за Косово е точно дека е нападнато од албанските системи“, обвини Бериша.

Како и во четвртокот од собраниската говорница и во петокот Бериша повика на штрајкови, граѓански бунтови и непослушност.