Берлин: Демохристијаните и социјалдемократите задоволни од почетокот на преговорите

Конзервативците од сојузот на Христијанско-демократска унија (CDU) и Христинасо –социјалната унија (CSU) и Социјалдемократската партија на Геранија (SPD) се задоволни од почетокот на преговорите за можната идна коалициска влада, соопштија во неделата ноќта во Берлин.

„Преговарачите водеа сериозни, концентрирани но отворени разговори“, изјави генералниот секретар на SPD, Ларс Лрингбеил кој во седиштето на социјалдемократите во Берлин, во кое се водеше првиот круг од преговорите, во името на сите партии кои учествуваат во разговорите им се обрати на новинарите.

„Свесни сме за нашата одговорност кога станува збор за иднината на Германија и Европа“, рече Клингбеил, употребувајќи го всушност терминот за Европската унија.

Укажа на тоа дека со политиката во Германија „вака не може да се оди натаму“, а најави и брзи и концентрирани преговорите коишто во четврток вечерта треба да бидат завршени со заклучок за тоа дали постојат доволно заеднички основи за конкретни коалициски преговори.

„Германија се наоѓа во еден нов период и тој период бара и една нова политика“, заклучи Клчингбеил.

Во неделата претпладнето челниците на трите партии кои учествуваат во преговорите, изразија оптимизам во врска со почетокот на преговорите. Потоа за конкретните теми разговараа експертските групи. Клингбеил во врска со тоа истакна дека некои групи „отидоа далеку“, додека некои сѐ уште „тапкаат во место“.

Како една од поспорните теми се смета миграциската и бегалска политика при што постојат најголемите разлики меѓу SPD и баварската CSU којашто во рамките на христијанската Унија опо правило зазема поконзервативни позиции.

Претходно актуелниот вицеканцелар и министер за надворешни работи и поранешен челник на социјалдемократите, Зигмар Габриел, во разговор за јавниот сервис ARD ја нагласи потребата од концентрирањето на идната влада на европската политика и особено укажа на тоа дека Франција предводена од претседателот Емануел Макрон веќе прави значителни чекори кога станува збор за политиката во ЕУ, додека Германија сѐ уште каска поради фатот дека од изборите кон крајот на септември и формирањето на новиот состав на Бундестагот е водена од техничка влада.

Разговорите треба да продолжат во понеделникот претпладне во седиштето на CDU во Берлин, Според некои предвидувања, доколку Унијата и SPD успеат да пронајдат заеднички основи, владата би можело да биде формирана околу католички Велигден, кој оваа година се паѓа на почетокот од април.

Германија нема влада од парламентарните избори 24-ти септември кога двете најголеми политички формации во Германија ги остварија најслабите избори резултати во историјата, а конзервативците не успеаја да ја формираат ткн „Јамајка коалиција“ со либералите и зелените. Потоа под притисокот од јавноста и видни социјалдемократски политичари, SPD која веднаш по изборите објави дека нема да учествува натаму во владата, реши да прифати нови преговори со демохристијаните за формирање на ткн „голема коалиција“ којашто во медиумите е позната како ГроКо, за да се избегне распишување повторени парламентарни избори.

Напорите да се формира нова влада на најсилната економија во Европската унија се најдолгите во историјата на Германија по Втората светска војна. Партиските првенци сакаат до петокот да утврдат дали имаат доволно заеднички ставови за минување во следната фаза од преговорите, односно официјални коалициски преговори. Има многу несогласувања и разлики, во прв ред по прашањето на имиграциите и политиките кон ЕУ и во јавните инвестиции.

Доколку не се успее во обидите да се формира влада, преостануваат опциите за составување малцинска влада којашто би ја водела канцеларката Ангела Меркел или распишување нови парламентарни избори.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.