Берлин на референдум ги отфрли построгите климатски цели

Референдум на кој жителите на германската престолнина Берлин во неделата одлучуваа дали нивниот град ќе стане „климатски неутрален“ до 2030 година не успеал, соопшти градоначалничката Франциска Гифаи.

Предложената мерка требаше да ја принуди новата конзервативна локална влада на големи вложувања во обновливата енергија, енергетската ефикасност на градите и во јавниот сообраќај. Доколку референдумот минеше, Берлин ќе бише еден од ретките големи европски градови со правно обврзувачка цел за седум години да стане „јаглеродно неутрален“.

Со мнозинството позитивни гласови, за иницијативата беа потребни најмалку 608.000 гласови „за“ за резултатот да биде обврзувачки. Но до 21 часот во неделата, беше објавено дека имало помалку од 441.000 гласови „за“.

„Резултатот покажува дека повеќето берлинци, исто така, гледаат дека барањата од референдумот не би можело да бидат спроведени, дурии ниту доколку бидат преточени во закон“, рече градоначалничката Гифаи.

Европската унија минатата година започна програма за помош на 100 градови во рамките и надвор од Унијата да станат ткн климатски неутрални до 2030 година, но програмата и финансиската поддршка која нуди ја нуди не се правно обврзувачки.

Референдумот воедно беше тест дали Германците, или барем жителите на Берлин, сакаат германската климатска политика којашто сега има цел најголемата европска економија да стане јаглеродно неутрална до 2045 година, да биде поамбициозна. Активистите за клима коишто го иницираа гласањето велат дека владината цел е „предалеку во иднината“ за да се спречи наводното глобално затоплување да надмине 1,5 Целзиусови степени.

„Во овој момент климатската политика едноставно не е доволна да се осигури иднина вредна за живеење во нашиот град“, изјави Јасемине Дејвис, портпаролка на Climate New Start Berlin.

За разлика од претходните референдуми во Берлин, вклучително и оно кој повикуваше на експропријација на големите земјопоседници или оној за тоа поранешниот аеродром Темпелхоф да не биде доградува, неделниот референдум за климата би бил правно обврзувачки за покраинската влада на Берлин.

Референдумот се одржа во периодот кога германската опозициска на сојузно ниво конзервативна партија Христијанско-демократската унија (CDU) преговара за можна коалиција со владејачката Социјалдемократска партија на Германија (SPD) во Берлин по победата на повторените избори, со што владејачките на сојузно ниво коалициски партнери Зелените кои се претставуваат како борци за заштита на околината но повеќе ги заземаат ставовите за иницијатива во надворешната политика и вооружување на Германија, на покраинско ниво се турнати во опозиција.

Како град со четири милиони жители, со малку обновливи извори на енергија или геотермално греење во близината, на Берлин му недостасува она што е потребно за таа цел да биде остварлива, изјави Бернд Хиршл од берлинскиот Институт за истражување на еколошката економија.

„Сепак, референдумот беше начин да заживее дискусијата за климатската политика и промените кои луѓето мора да ги прифатат за да се постигне климатска неутралност, без оглед на роковите. Бидејќи не станува збор за 2030 година. Станува збор за прашање дали сакаме да политичарите да им се испрати сигнал или не“, вели Хиршл за Reuters.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.