Берлинците на референдум поддржаа експропријација на станови

Повеќето жители на германската престолнина Берлин го поддржале на референдумот предлогот на група граѓани станбениот фонд на големите компании за недвижнини да се пренесе во сопственост на градот за да се запре растот на цените за изнајмување.

Иницијативата со којашто се бара „развластување“ на компаниите за тргување со недвижнини, под називот „Deutsche Wohnen & Co enteignen“ предложи одземање на становате од споменатите субјекти кои ги има повеќе од 3.000, со финансиски надомест.

„Deutsche Wohnen“ е компанија за недвижнини во чијашто сопственост само во Берлин се 114.000 станови. Големите компании од овој сектор влијаеле на 15 отсто од станбениот фонд за изнајмување во Берлин, односно врз околу 240.000 станови.

Организаторите на иницијативата предлагаат становите по експропријацијата да станат општествена сопственост или со нив да управува градско претпријатие. Уредбата за експропријацијата би опфатила 240.000 станови, односно врз споменатите 15 отсто од берлинскиот станбен фонд.

Предлогот на иницијативата на неделниот референдум добил поддршка од 56,4 отсто од берлинците кои одговориле на повикот за гласање, а 39 отсто биле против, според изборната комисија. На референдумот, инаку, се одѕвале четвртина од жителите на Берлин.

Директорката на берлинскиот градски оддел за избори проценува дека експропријацијата на околу 200.000 станови би го чинела Берли од 7,1 до 13,7 милијарди евра.

Резултатот од референдумот не е правно обврзувачки, но би требало да го зголеми притисокот врз законодавците да се занимаваат со станбеното прашање на германската престолнина кој се справува со гентрификацијата, растот на наемнините и цените на недвижнините.

„Барањето становите да станат општествена сопственост обединува далеку повеќе гласови од која и да е политичка партија. Ние берлинците решивме: никој не смее да шпекулира со нашите станови“, изјави портпаролката на иницијативата Јоана Кусиак. Додаде дека веруваат оти тој потег го го запрел растот на цените за изнајмување и би создал да бидат попристапни на подолг рок.

Во компанијата „Vonovia“, сопственик на мнозинскиот удел во гигантот во трговијата со недвижнини „Deutsche Wohnen“, пак, сметаат дека експропријациите нема да ги решат сложените проблеми на берлинскиот пазар на станови. Порачаа дека доброволно ќе ја ограничат висината на станарините во Берлин во следните пет години и дека се подготвени во главниот град да изградат уште 13.000 станови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.