Берлинските клиники привремено го запреа вакцинирање со „AstraZeneca“ на жените помлади од 55

Двете главни берлински клиники „Charite“ и „Vivantes“ привремено во вторникот го запреа вакцинирањето против коронавирусот со препаратот на англо-швајцарскиот производител „AstraZeneca“ на својот женски персонал помлад од 55 години поради нови случаи на тромбоза во Германија кај вакцинирани со оваа вакцина, а истата мерка за жените помлади од 60 години ја презема и самиот град Берлин.

„Овој чекор според мислењето на одговорните во ‘Charite’ е неопходен поради тоа што во меѓувреме се појавија нови случаи на појава на згрутчувања во мозокот кај жени во Германија коишто ја примиле вакцината на AstraZeneca“, соопштија од најголемата болници во Берлин и една од најреномираните клиники во Европа.

Истовремено соопштено е и дека кај 16.000 вакцинирани вработени во „Charite“, од кои најмногу со „AstraZeneca“, досега не се појавиле случаи на тромбоза, но дека управата на клиниката сака да ги сочека резултатите од новите испитувања кои би требало да ги разјаснат поврзаноста на згрутчувањата и оваа вакцина.

Според медиумите, околу две третини од персоналот на клиниката „Charite“ досега се вакцинирани, а околу 70 отсто од нив ја добила првата доза од вакцината на „AstraZeneca“.

Слично постапиле и во клиниката „Vivantes“, втората по големина болница во германската престолнина. Портпролката на клиниката, исто така, рекла дека е запрена вакцинацијата на помладите жени со вакцината на „AstraZeneca“ и дека тоа е потег преземен од претпазливост.

Во Германија досега е забележан 31 случај на појава на згрутчување по вакцинирање со вакцината на „AstraZeneca“.

Западниот германски окруиг Ојскирхен уште пред неколку дена го запре вакцинирањето со препаратот на англо-шведскиот фармацевтски гигант, откако 47-годишна жена починала од последици од создавање згрутчувања по вакцинацијата.

Германија пред неколку седмици целосно на неколку дена ја запре вакцинацијата со „AstraZeneca“ што беше продолжено откако Европската агенција за лекови (ЕМА) оваа вакцина ја прогласи безбедна за употреба.

Многу еверопски земја, исто така, на почетокот од март го запреа вакцинирањето со „AstraZeneca“, додека траат истражувањата на случаи кај кои дошло до ваквите компликации и смртни случаи, првенствено во Австрија и Норвешка.

Повеќето од овие земји веќе започнаа повторно да го имунизираат населението со оваа вакцин. Меѓутоа, и покрај препораките од ЕМА, Норвешка и Данска го пролонгираа застојот во користење на „AstraZeneca“ до 15-ти април, а Франција на 19-ти март објави дека вакцината ќе им ја дава сао на луѓе од 55 и повеќе години. Таа одлука ја поткрепи со докази дека тромбозите се јавуваат главно кај млади луѓе.

Канадските здравствени власти во понеделникот објавија дека повеќе нема да ја нудат вакцината на „AstraZeneca“ на помладите од 55 години и бараат мови анализи се делувањето и ризиците од вакцината засновани на возраста и полот.