Берлускони донира 10 милиони евра за болниците во Ломбардија

Италијанскиот милијардер и поранешен премиер Силвио Берлускони ќе донира 10 милиони евра за областа Ломбардија, која е најтешко погодена во Италија од пандемијата на Ковид-19, со што ќе се обезбедат дополнителни болнички кревети за интензивна нега, соопшти денеска неговата партија „Форца Италија“.

– Силвио Берлускони одлучи да и донира на покраината Ломбардија десет милиони евра, потребни за опремување на одделот за интензивна нега со 400 кревети, објави партијата.

Според бројот на заразени и починати луѓе од коронавирус, Италија е водечка земја во Европа, односно втора во светот. Досега во земјата од новиот вирус починале над 2.100 лица, а околу 28.000 се заболени.