Берлускони е „длабоко разочаран“ од однесувањето на Путин

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони изјави дека е „длабоко разочаран и тажен“ од однесувањето на рускиот претседател Владимир Путин, пренесува BBC.

Додека беше на власт, Берлускони беше близок пријател со Путин, дури и го покани на одмор во неговата вила на островот Сардинија.

„Го познавам околу 20 години и отсекогаш изгледаше како демократ и човек на мирот“, изјави 85-годишниот милијардер на конгресот на неговата конзервативна партија Форца Италија во Рим.

Берлускони, кој трипати беше на чело на италијанската влада во периодот од 1994 до 2011 година, досега се воздржуваше од јавно критикување на Путин.

„Соочена со ужасите од масакрите врз цивили во Буча и другите места во Украина – вистински воени злосторства, Русија не може да ги отфрли своите одговорности“, рекол Берлускони.