Берлускони ги повика САД да ѝ понудат на Украина план за крај на војната, не би се сретнал со Зеленски

За да се стави крај на воениот конфликт во Унгарија, САД треба да му понудат на Киев план од повеќе милијарди долари за обновување на земјата, изјави челникот на една до владејачките десни италијанска партии Напред Италија (Forza Italia – FI), поранешниот премиер Силвио Берлускони, кој притоа рече доколку би бил шеф на владата сега не би се среќавал со украинскиот претседател Володомир Зеленски.

Како што истакнува весникот il Messagero, Берлускони го искажал својот став за војната во Украина на избирачко место во Милано, каде што гласал на тековните регионални избори во северниот регион Ломбардија.

„Сметам дека за да се постигне мир, американскиот претседател (Џо Бајден) треба да го земе Зеленски и да му каже: ‘По завршувањето на војната, ќе имате Маршалов план за обновување на Украина“, рекол Берлускони алудирајќи на големата американска програма за економско заздравување на разорената Европа по Втората светска војна.

Според Берлускони, планот за обновување на Украина би можел да достигне „шест-седум-осум-девет милијарди долари“, доколку Зеленски брзо им нареди на трупите да ги прекинат борбените дејствија и да престане да добие финансиска и воена помош. Поранешниот премиер на Италија посочува дека само такви услови можат да ги убедат властите во Киев да преговараат за прекин на борбите.

Берлускони, исто така, истакнува дека доколку сега би бил премиер, никогаш не би одел на разговори со Зеленски. Според него, на украинскиот претседател би му било доволно да „престане да ги напаѓа двете автономни републики во Донбас“ (одметнатите доминантно руски региони Доњецк и Луганск по превратот во Киев во 2014-та), и тогаш, како што оценува Берлускони, не би имало ескалација на конфликтот.

„Никогаш не би отишол да разговарам со Зеленски затоа што сведочиме на пустошењето на неговата земја и колежот на неговите војници и цивили“, рекол Белрускони за новинарите откако гласал.

Смета дека до војната никогаш не би дошло доколку Зеленски престанал со нападите врз сепаратистички региони во Донбас: „Поради тоа, го оценувам како многу, многу негативно однесувањето на овој господин (Зеленски)“, рекол Берлускони.

Тој кој во минатото беше голем пријател со рускиот претседател Владимир Путин, но го критикуваше по инвазијата на руските трупи во Украина пред една година. Но во септември 86-годишниот политичар предизвик контроверзии изјавувајќи дека Путин бил принуден на војната и дека сакал на чело на Киев да постави „пристојни луѓе“.

По изјавата на Берлускони, кабинетот на италијанската влада Дворецот Чиги објави дека ставот на премиерката Џорџа Малони е дека поддршката на Украина е „цврста и непоколеблива, како што е јасно наведено во програмата во сите гласања на парламентарното мнозинство“.

Изјавата на Берлускони предизвика остра критика од претставниците на опозициската на левоценристичката Демократска парија (PD). Шефот на пратеничката група во горниот дом Сенатот, Симона Малпеци истакна дека оваа изјава ја доживува како доказ за несогласување во владејачката коалиција и „официјално застанување на страната на Русија“.

Италијанскиот министер за надворешни работи, Антонио Тајани, исто така член на Напред Италија, на Twitter објави дека партијата „секогаш се зазема за независност на Украина, на страната на Европа, НАТО и Западот“.

Берлускони и претходно неколкупати изразуваше загриженост поради недостигот од предлози за решавање на војната во Украина. Како што претходно истакна, единствените решенија ги предлага Ватикан.

Изјавата на Берлускони дојде откако во петокот премиерката Мелони ја обвини Франција дека го загрозува единството на Европската унија, откако ја организираше француско-германската вечера во Париз со Зеленски, ноќта пред почетокот на дводневниот самит на ЕУ во Брисел посветен на украинската криза на која не беа поканети другите европски челници.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.