Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони е сместен на оддел за интензивна нега во болница во Милано, изјавил во средата за агенцијата Reuters извор од политичката сцена.
Берлускони, кој во четири наврти беше премиер, последните години имаше последователни проблеми со здравјето, а од болница излезе минатата седмица.
Миланската болница „San Raffaele“ не одговорила веднаш на барање за коментар.
Италијанската новинска агенција AGI наведува дека Берлускони е згрижен на кардиолошката единици на одделот за интензивна нега.
Миланскиот дневен весник Corriere della Sera, пак, објави дека Берлускони е сместен на одделот за интензивна нега поради проблеми со белите дробови, а службената новинска агенција ANSA известува дека неговата состојба е стабилна.
Претходниот пат 86-годишниот сегашен сенатор минатата седмица мина неколку дена во миланската болница на лекарски прегледи. Периодично Берлускони, кој пред неколку години беше подложен на тешка операција на срцето, е подвргнуван на детални медицински прегледи. Во септември 2020 година, исто така, прележа тешка форма на ковид.
Берлускони, кој четири пати беше премиер, ја предводи партијата Напред Италија. Таа сега е дел од владејачката коалиција.