Берлускони излезе од болница: Го преживеав најопасниот животен предизвик

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони е пуштен од болницата каде што се лекуваше откако се зарази со коронавирусот, пренесуваат италијанските медиуми.

Берлускони беше примен во болницата Сан Рафаел во Милано на 3 септември, откако беше позитивен на тестот за вирусот.

Поранешниот премиер ќе биде во изолација откако ќе ја напушти болницата, веројатно во неговата резиденција во Аркоре, додека не добие уште еден негативен тест.

По напуштањето на болницата, Берлускони се обрати до ноцинарите.

– Успеав да ги надминам најтешките моменти, кои ги имаше многу во првите три дена. Ви благодарам што бевте тука, ова беше најопасниот тест во мојот живот – рече Берлускони.