Берлускони: Милан не е на продажба

Сензационалната информација пласирана од италијанските медиуми дека седумкратниот европски клупски шампион Милан е на продажба и ќе добие нова спственичка структура, експресно е демантирана од сопственикот на „росонерите”, Силвио Берлускони.

“Нема да го продадам Милан, не сакам да го продадам Милан. Сакам да ги смирам најверните фанови на Милан. Милан не е за продажба”, изјави поранешниот премиер на Италија.

Освен што не бара купувач, Берлускони сака неговиот тим од 2017 година да игра на нов стадион што ќе биде во сопственост на Милан.

Првиот човек на „росонерите” е подготвен да одвои околу 300 милиони евра за новиот стадион што ќе биде со капацитет од 45.000 седишта.