Берлускони ослободен од обвинението за подмитување во случајот со малолетничка проституција

Италијански суд во средата го ослободи поранешниот премиер Силвио Берлиускони од обвинувањето за подмитување сведоци во случајот за малолетничка проституција кој повеќе од деценија го следеше конзервативниот политичар кој за тоа ги обвинуваше судиите со левичарски ориентации/

Берлускони беше обвинет дека подмитил 24 лица, повеќето млади лица на неговите раскалашани „бунга-бунга“ забави, како што ги нарекоа медиумите, за лажно да сведочат во претходно судење во кое беше обвинет за плаќање секс со тогаш 17-годишна Руби мароканска танчерка во ноќен клуб.

Од обвинението се ослободени и другите 28 обвинети во истиот случај.

Обвинителите за сега 86-годишниот Берлускони, чијашто партија Напред Италија (Forza Italia) е дел од владејачката коалиција предводена од крајната десничарска премиерка Џорџа Мелони, бараа шестгодишна затворска казна.

Берлускони секогаш ги отфрлаше таквите обвинување и овојпат изјави дека е жртва на долгогодишен заговор на левичарските струи со цел да биде елиминиран од италијанската политика.

Скандалот околу ткн „бунга-бунга“ забави на кои присуствувале и бројни европски и светски политичари и влијателни личности, придонесе за падот на Берлускони од премиерската позиција во 2011 година, што претставуваше крај на неговата четврта влада.

На крајот беше ослободен во првиот случај, а апелацискиот суд пресуди дека иако ѝ платил на тинејџерката за секс, што тој го негираше, немало докази дека знаел дека е малолетна. Повторно се најде на обвинителната клупа откако беше обвинет за подмитување на сведоците.