Берлускони паднал на конгресот на ЕПП во Загреб, итно префрлен во болница

26

Силвио Берлускони лесно се повредил во Загреб, каде присуствуваше на конгресот на Европската народна партија. Заради тоа, по враќањето во Италија, тој денеска бил примен во болница во Милано, пишува весникот „Кориере дела сера”.

Лидерот на партијата „Форца Италија“ се отповикал на барањето на лице во Загреб кое сакало да се слика со него и додека го правеле селфито, Берлускони паднал, и го нагмечил бедрото. Тој се вратил во Милано по завршување на конгресот и вднаш побарал лекарска помош.

При прегледот во клиниката во северниот италијански град не била утврдена никаква фрактура, туку само хематом на колкот.

Берлускони неколку дена ќе остане под будното око на лекарите во болницата.

Партијата денеска преку соопштение ги демантираше гласините дека тој требало под итно да биде транспортиран од Загреб до Милано заради падот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.