Берлускони потврди дека се откажал од кандидатурата за претседател на Италија

ANSA/FABIO FRUSTACI

Поранешниот италијански премиер, 85-годишниот Силвио Берлускони се откажа од кандидатурата за претседател на Италијанската Република, обајви во саботната изјава пред гласањето во парламентот кои започнува во понеделник на 24-ти јануари.

Најверојатно е дека за претседателската должност ќе биде номиниран актуелниот премиер, 74-годишниот Марио Драги, но сѐ уште не е јасно дали ќе го поддржи широкиот спектар партии кои во моментов ја поддржуваат неговара владејачка коалиција, поради стравувањето дека неговото заминување од сегашната позиција би можело да предизвика предвремени избори.

Берлускони изјави дека би сакал Драги, поранешен претседател на Европската централна банка (ECB), да остане на чело на владата до предвидениот крај на неговиот мандат во 2023 година.

„Решив да направам уште еден чекор на патот кон националната одговорност“, изјавува Берлускони замолувајќи ги притоа оние кои го предложиле за претседател на републиката да ја повлечат нивната поддршка.

Коалицијата на десницата од Берлускони бараше да се кандидира, но не беше веројатно дека ќе биде избран поради тешкотиите при собирањето широка поддршка инаку потребна меѓу повеќето од илјада лица кои учестуваат во изборот на шефот на државата.

Во понеделникот започнуваат да гласаат повеќе од илјада сенатори, пратеници и претставници на регионите, а кандидатите мора да обезбедат две третини од гласовите во првите три круга или потоа апсолутно мнозинство. Поради мерката за одржување физичко растојание, секој круг ќе трае еден ден, а официјални кандидати засега нема.

Берлускони во Италија се доживува како личност којашто предизвикува поделби, а партиите од левиот центар веќе ја отфлија можноста да го поддржат. Привремено му беше забрането извршување јавни должности откако во 2013 година беше осуден за затајување данок, а против него сѐ уште трае судењето во случајот во кој е обвинет за подмитување сведоци во случај на малолетничка проституција, поврзана со неговите „бунга бунга“ сексуални забави пред повеќе од десетина години.

Иако станува збор за главно церемонијална должност, претседателот на Италија има значителни овластувања во време на политичките кризи, од распуштање на парламентот до изборот на нов премиер и одбивање мандат за кревките коалиции, што му дава клучна улога во земјата каде што владите во просек преживуваат само една година.

Ниту десниот, ниту левиот центар немаат доволен број гласови за да наметнат кандидат од своите редови, што значи дека мора да дојде до некој вид компромис за да се спречи долгорочна пат-позиција.

„Ќе соработуваме со челниците на десниот центар за да се согласиме околу името кое може да собере широк консензус во парламентот“, се истакнува во писмената изјава за јавноста на Берлускони.