Берлускони повторнo хоспитализиран

41
Берлускони во болница, не е во животна опасност
Берлускони во болница, не е во животна опасност

Поранешниот ителијански премиер Силвио Берлускони од вторникот доцна попладнето се наоѓа во болница на прегледи, соопштија во средата два извора од неговата партија Напред Италија.

Дневниот весник La Repubblica, наведуа дека 84-годишниот Берлускони бил подложен на контролни прегледи во миланската клиника „Сан Рафаеле“ откако ланскиот септември се зарази со коронавирусот и во болница мина десет дена по симптоми со билатеранлан пневмонија, по што лекарите решиле поранешниот премиер да биде хоспитализиран и подложен на натамошни медицински набљудувања.

Како што се додава во информацијата, Берлускони ги минал велигденските празници на гости кај неговата ќерка. Во болницата, се додава во информацијата на la Repubblica, тој бил пренесен со хеликоптер.

Ова е вторпат за само неколку седмици Берлускони заврши во биолница по уште еден рутински преглед кон крајот на март. Неговата партија тогаш соопшти дека е примен во болница поради клинички набљудувања и прилагодување терапијата.

Берлускони, кој имаше сложена операција на срцето во 2016 година, а исто така го преживеа и ракот на простатат, во јануари беше примен во болница поради проблем со срцето.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.