Берлускони: Сакаме предвремени избори

Италијанската опозициска партија , Напред Италија , сака државата да оди на предвремени избори , доколку не може да се формира влада на десен центар .

Лидерот на партијата Силвио Берлускони рече по падот на коалициската влада на Движењето 5 ѕвезди и Лига , дека сака на предвремени избори .

Поранешниот премиер и медиумски магнат ова го изјави по состанокот со италијанскиот претседател Серџо Матарела.

Италијанскиот претседател до утре ќе треба да одлучи дали ќе распише предвремени избори или ќе му даде мандат на некој од политичките лидери за основање нова влада , поради што од вчера одржувба консултации со сите претседатели на партиите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.