Берни Еклстон шокира – би „примил куршум“ за Путин

Поранешниот челник на Формула 1, Берни Еклстон изјави дека би „примил куршум“ наместо рускиот претседател Владимир Путин и го опиша како исклучителен човек.

Деведесет идногодишниот Еклстон вели дека војната во Украина не била „намерна“ и дека украинскиот претседател Владимир Зеленски можел да ја избегне со свои потези. Според него Зеленски требало да разговара со Путин, за кој вели дека е „разумен“ човек.

Еклстон во гледаната емисија „ Good Morning Britain“ на британската телевизија iTV беше запрашан дали сѐ уште го смета Путин за свој пријател.

„И натаму би примил куршум наместо него. Попрво би сакал да не ме боли, но и да ме боли сепак би примил куршум, бидејќи тој е првокласна личност. Она што тој го прави е нешто за што верувал дека е исправа работа којашто ја прави за Русија“, одговори Еклстон, пренесува DPA.

„За жал, тој е како многу деловни луѓе, секако како мене, а ние одвреме навреме грешиме. Кога ќе направите грешка, мора да сторите сѐ за да се извлечете од неа“, додаде Еклстон.

Британскиот магнат се осврна и на украинскиот претседател Зеленски, велејќи дека тој некогаш бил комичар и дека се чини оти „сака да продолжи со таа професија“

„Доколку размислуваше, секако доволни би се потрудил да разговара со претседателот Путин, кој е разумна личност и би го сослушал и веројатно можел да стори нешто по тоа прашање“, оцени Еклстон.