Берни Сандерс влегува во претседателската трка во САД

Американскиот сенатор Берни Сандерс соопшти денеска дека ќе учествува во претседателската трка во САД.

Во изјава за радио Вермонт, Сандерс истакна дека ќе бара поддршка од Демократската партија за претседателските избори во 2020 година.

Сандерс (77) беше партиски кандидат на претходните избори, но изгуби од Хилари Клинтон, по што таа учествуваше во претседателската трка против републиканецот Доналд Трамп.

Сенаторот од Вермонт, кој се претставува како „социјалистички демократ“, за време на претходната кампања се залагаше за бесплатно факултетско образование и здравствено осигурување за сите граѓани. Пред да стане член на Сенатот, тој беше дел од Претставничкиот дом од 1990 до 2006 година.

Сандерс, кој е независен сенатор, ужива популарност кај демократите, но одделни членови од партијата изразуваат скептицизам, пред се поради неговата возраст.