Беровец загинал при сеча на дрва

Беровец загинал при сеча на дрва, вчера во атарот на Берово, информираше МВР.

Несреќата се случила околу 12 часот на местото викано Ормане- Царев Дол, кога Г.Ѓ. (51), кој бил со повеќе лица меѓу кои и неговиот син, вршеле сеча на борови стебла. При тоа добил повреди на главата. Од страна на присутните му била пружена помош, по што го презела екипа на Итна медицинска помош.

Поради сериозноста на повредите Г.Ѓ. бил пренесен во болницата Систина во Скопје, каде починал.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Берово.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.