Беса ги бара назад пратеничките мандати кои сега се дел од Алтернатива на Гаши

Ние не го коментираме формирањете на нови политички партии. Сепак, нашите опоненти, ако имаат достоинство и кредибилитет треба мандатите, добиени во име на Движењето Беса, да ги вратат каде што припаѓаат, вели функционерот на Беса, Аријанит Хоџа, во изјава за албанските медиуми.

Тој додава дека Беса како правно лице и претседателот на Движењето Беса, Биљал Касами пред неколку месеци поднеле кривична пријава за фалсификување, злоупотреба на службена положба, лажно претставување и злоупотреба на симболите против поединци кои ќе мора да сносат одговорност за своите постапки.

Судскиот спор меѓу Африм Гаши и Биљал Касами започнаа откако партиите се поделија, поради внатрепартиски несогласувања, по локалните избори.