Беса го објави условот без кој нема да гласа за уставните измени

Одложувањето на пленарната седница во четвртокот во македонското Собрание за уставните промени е поради условите на движењето Беса, односно исполнување на нивните барања, објави во четвртокот вечерта телевизијата ТВ21 којашто дознава дека на премиерот Зоран Заев му недостигал уште еден глас за дво-третинското мнозинство.

За Беса спорен е Предлог-амандманот кој се однесува на државјанството, а тие се категорични дека доколку не им се исполни и оваа желба, нема да ги дадат своите гласови во собранието.

ТВ21 ексклузивно дознава дека нивниот предлог се однесува на ставот 3 од амандманот, кој според телевизијата гласи:

„За граѓаните од Албанската етничка припадност, во прописите и другите акти на државните органи државјанството на македонски јазик ќе гласи “македонско/граѓани на Република Северна Македонија” на албански јазик ќе гласи “eMaqedonisë/qytetar i Republikës së Maqedonisë Veriore” и на англиски “macedonian/citizen of Republic od North Macedonia”.

Според ова, буквален превод: Не е македонско државјанство, туку државјанин на Македонија.

Од Беса за ТВ21 рекле дека доколку премиерот Зоран Заев не ги исполни нивните барања, тие нема да дадат поддршка за уставните промени.

Заев претходно во четвртокот околу пладне потврди дека не постигнад договор за неопходното двотретинско мнозинство за предлозите за уставните измени кои пред пратениците ги поднесе неговата Влада.

Извори од Беса претходно за медиумите брифираа дека нивниот став е „принципиелен“ и оти нема да гласаат за уставните измени, доколку премиерот не ги прифати нивните барања.

Тоа, пак, може да предизвика од своја страна губење на осумте гласа кои ги има сега независната пратеничка група која ја сочинуваат пратеници исклучени од ВМРО-ДПМНЕ и од коалицијата За подобра Македонија, а кои почетно откако беа ослободени од притворите за случајот „27-ми април“ ги поддржаа уставните измени. Имено, претеничката Емилија Александрова денеска порача дека доколку дојде до промени во формулацијата за државјанство „македонско/граѓани на Република Северна Македонија, во верзијата којашто ја бараат Беса и Алијансата за Албанците на Зијадин Села, тие нема да гласаат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.