Беса на Гаши стана Алтернатива

Владиниот коалиционен партнер кој го предводи Африм Гаши ќе се вика „Алтернатива“, откако оваа партија се откажа од спорот за тоа кој е легитимиен наследник на „Беса“.

Со тоа „Беса“ останува да биде предводена од Билал Касами, а партијата доживеа раздор и поделба на паретниците по локалните избори на крајот од 2017-та.

Одлука да формира нова партија донесе Централното собрание на крилото предводено од Гаши, откако членството побара да заврши сагата со спорот.Од денеска партијата чии пратеници се дел од парламентарното мнозинство почнува процедурата за регистрација на новата политичка партија.