БЕСА: Направивме вистинската одлука што застанавме на вистинската страна

Прес-конференција имаше БЕСА, која што во коалиција со СДСМ ја формираа коалицијата „Можеме“, која што во моментов има предност. Аријанит Хоџа од партијата истакна дека му е драго што партијата ја направи победничката разлила.

„Превзедовме ризик, и докажавме дека ја направивме вистинската одлука што застанавме на вистинската страна. Тоа понекогаш е важно од бројките. На овие избори ги имаме бројките и победата, таму сме каде што се гарантира патот кон ЕУ.

Успеавме да го удвоиме бројот на мандати, ќе имаме четири пратеника. Огромно задоволство што нашето учество во коалицијата „Можеме“ ја направи разликата, и ја обезбеди победата на овие избори. Целата наша заложба ќе биде продолжување на патот на итнтеграција во ЕУ“, рече Хоџа.