Беса се подготвува за Влада без ДУИ

Движењето Беса е подготвено за составување нова Влада, а потпретседателот на  Беса, Кастриот Реџепи во фејсбук објава најави дека движењето подготвено за нов владин кабинет во кој нема да седат министри од ДУИ, пренесува ИН7.

„После првиот круг:

Потпретседателот на АА рече ние ќе ги поддржиме кандидатите на Беса, но тие треба да ни направат атер, да побараат поддршка.

Портпаролот на Алтернатива рече ние не го поддржуваме кандидатот на Беса во Тетово.

Генералниот секретар на Беса и АА пиеја кафе и ручаа

Претседателот на ДПА рече дека Теута се чуди зошто се против неа во Тетово, иако таа не заслужува ниту еден глас и дека ДПА е секогаш во опоненција со ДУИ.
Вчера:

Претседателот на ДПА рече дека постои договор за поддршка на ДУИ.

Денес:

Генералниот секретар на Движењето Беса ги покани членовите да ги поддржат кандидатите на АА и апелираше и тие да го сторат истото и да ги поддржат кандидатите на Беса.

Генералниот секретар на АА ја поздрави поддршката од Беса и ги повика поддржувачите на АА да ги поддржат кандидатите на Беса во Тетово и Желино.

Сега останува само Алтернатива да се изјасни за поддршка на кандидатите на Беса и

На овој начин ќе се докаже дека сакаме да ја направиме промената во албанскиот блок почнувајќи од локалната власт.

Што се однесува до новото парламентарно мнозинство без ДУИ што го спомена Арбен Таравари, тоа треба да биде ден поскоро“, напиша во својот пост Кастриот Реџепи.

Претходно во понеделникот од двата политички субјекта најавија сорабтка во вториот круг од локалните избори. Движењето Беса и Алијанса за Албанците постигнаа договор за меѓусебна поддршка на кандидатите за градоначалници во општините каде што се натпреваруваат, потврдија во понеделникот од двете партии.

Генералниот секретар на Беса, Аријанит Хоџа, претходно во понеделникот ги повика своите активисти да ги поддржат кандидатите на Алијанса во вториот круг. Од Беса, исто така, бара и меѓусебна поддршка за своите кандидати во Тетово и Желино.

„Во вториот круг од локалните избори, сите гласачи на Беса треба да ги поддржат кандидатите на Алијанса за Албанците и со тоа да помогнат во политичкиот пораз на ДУИ и ДПА“, рече Хоџа.

Идентичен повик во понеделникот дојде и од Алијанса за Албанците, откако Арбен Таравари ја потврди поддршката за кандидатите на Беса, повикувајќи го електоратот гласа за лидерот на движњето Беса, Биљал Касами, во Тетово, како и за нивниот кандидат Блерим Сејдиу во Желино.

 „Нашите членови и симпатизери и сите други гласачи ќе ги поддржат кандидатите на Движењето Беса во општините каде што се соочуваат со ДУИ, зборувам за Желино и Тетово. Во координација сме со Алтернатива и мислам дека во наредните часови ќе излезат и тие или ќе продолжиме да се координираме. Станува збор за општините каде што се натпреваруваат Алијанса, Алтернатива и Беса“, рече Таравари

Овој договор меѓу Беса и Алијанса доаѓа ден откако истиот потег го направија Али Ахмети и Мендух Тачи за поддршка на кандидатите на ДУИ во општините каде што се натпреваруваат.