„Беса Транс“ имала дозвола за превоз на деца од училишна и предучилишна возраст

Само од Владата во изминативе две години на контото на „Беса Транс“ легнале повеќе од половина милион денари.

Компанијата „Беса транс“, чиј автобус имаше сообраќајка и изгоре на атопатот Струма во Бугарија, при што 45 лица загинаа, од 2010 година до денес зела неколку милиони денари од државата за транспортни услуги, открива порталот Инфомакс.

Доколку се направи куса проверка на компанијата на страницата Отворени финансии ќе се види дека само од Владата во изминативе две години на контото на „Беса транс“ легнале повеќе од половина милион денари.

Покрај стотиците илјданици денари од Владата за „Беса транс“, огромни суми на контото на компанијата легнале од општините, односно од градоначалници и раководни кадри на ДУИ и СДСМ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.