Бесими до Венизелос: Да се забрза процесот на европска интеграцција на Македонија

И вицепремиерот задолжен за европските прашања, Фатмир Бесими се сретна со министерот за надворешни работи на Грција, Евангелос Венизелос.

На средбата, како што информираат од Секретаријатот за европски прашања, Бесими ја истакнал потребата и значењето на заврзување на процесот на европска интеграција на Македонија и на земјите од Западен Балкан.

„Во поглед на ПДВН, Бесими истакна дека Република Македонија прави напори, и понатаму ќе продолжи со активностите за постигнување на резултати за да обезбеди одредена динамика и континуитет во демократскиот развој, со што очекуваме зголемена доверба кај земјите членки. Меѓу позначајните реформи од изминатиот период тој ги истакна: напредокот во однос на законодавната рамка за медиуми и унапредувањето на дијалогот со новинарите, консензуалното донесување на измените на изборниот законик, донесените закони во делот на реформа на јавната администрација, активностите за намалување на невработеноста со посебен фокус на младата популација. “, се вели во соопштението од СЕП.

Бесими истакнал дека очекува непречено отворање на втората фаза на Спогодбата за Стабилизација и Асоцијација со цел унапредување на економијата во земјата и целосна асоцијација.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.