Бесими именуван за гувернер на Македонија во ЕБОР

На денешната седница, Владата ја донесе Одлуката, министерот за финансии Фатмир Бесими да биде именуван за гувернер на Република Северна Македонија во Европската банка за обнова и развој.  Со денот на влегувањето во сила на оваа одлука, престанува да важи Одлуката за именување на гувернер на Република Северна Македонија во Европската банка за обнова и развој од 10 септември 2019 година.