Бесими – Улсон: Поддршката на Шведска за Македонија за зајакнување на стабилноста и развојот во регионот

68

При посетата вицепремиерот Бесими се сретна со министерот за европски прашања, Биргита Улсон, членови на Комисијата за Европска Унија во шведскиот парламент, Валбурга Хабсбург Даглас  и Фредрик Федерлеј, како и со државниот секретар во министерството за надворешни работи на Шведска Франк Белфраге.

На средбата со Министерот за ЕУ прашања, Биргита Улсон, вицепремиерот Бесими истакна дека несомнено Шведска е голем поборник на политиката на проширувањето на Европската Унија, воедно и силен поддржувач на евро-атланскиот интегративен процес на Република Македонија, а нејзината поддршка за интеграција на Република Македонија во Европската Унија може да биде пример на процес на зајакнување на стабилноста и развојот во регионот на Западен Балкан

„Шведското претседателство со Европската Унија во 2009 имаше значајна улога за Република Македонија, за добивање позитивен Извештај од Европската комисија и препорака за пристапните преговори, како и за добивање на визната либерализација со ЕУ “, посочи вицепремиерот Бесими.

Министерката Улсон уште еднаш ја потенцираше поддршката од страна на Шведска  за определување на датум за отпочнување на преговорите за пристап на Република Македонија во Европската унија, на претстојниот декемвриски Европски Совет.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.